Превртен карамелизиран јаболков тарт со мед и цимет
За сите љубители на циметот и јаболкото, еве еден мој интересен предлог. Рецептот е склоп на многу комбинации на рецепти, ги искомбинирав сите состојки кои прекрасно се вклопуваат со јаболкото за да дојдам до овој преубав тарт.
Подготовка.
На почеток го подготвувам карамелот.
1. Шеќерот и водата ги ставаме на шпорет и полека загреваме додека не добиеме убава карамел со златно-црвенкаста боја. Морам да споменам шеќерот треба да се стопи убаво да нема грутчиња, тргнета ја смесата на страна. Во карамелот додадете го маргаринот повторно вратете на шпорет и полека додавајте ја топлата слатка павлака и солта. Филот оставете го да крчка пет минути на умерена температура. Веднаш сипете го во тавчето за тарт. Врз карамелот наредете јаболка по ваша желба, врз нив посипете цимет.
Подготовка на тестото.
2. Со миксер матете ги жолчките и шеќерот, постепено додавајки од млекото и на крај додадете го зејтинот и сувото гројзе. Додадете го и брашното измешано со пецивото. Смесата сипетеја врз јаболкото ставете да печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 30мин. Откако ќе се испече ја вадиме од рерна и ја превртуваме во чинија.
Подготовка на шамот.
3. Белките ги матиме со миксер додека не добиеме густа смеса. Веднаш пополека една до една лажица сипуваме шеќер и матиме постепено. Со овој фил го премачкуваме тартот и со шприц ја украсуваме.
Подготовка на чоколадната глазура.
4. Чоколадото го растопуваме на тивок огин или пареа заедно со зејтинот. На крај кога чоколадата ќе се растопи го додаваме медот и го преливаме тартот.
Забелешка.
Доколку сте љубители на оревите може да ја посипете со ореви и да ја запечете заедно со шамот уште десетина минути во рерна.
Лиценца: Сите права се задржани