Слатки прасенца
Во топло млеко го растопуваме маргаринот и квасецот, јајцата ги матиме со шеќерот и го додаваме млекото, а потоа и брашно и месиме малку помеко тесто. Го оставаме да сташе, го расукуваме со дебелина 0,5 см и вадиме кругови за главата со пречник 6 7см за носот мал круг 1-1,5 см и мали правоаголничиња од кои вадите две триаголничиња за ушите.
Земате еден круг за главата на средината ставате од кремот, страните околу кремот ги премачкувате со разматено јајце и заклопувате со друг круг со иста големина. Краевите со раце убаво ги притискате при печење да не се отворат. Го ставате носот и ушињата премачкани со јајцето за да се залепат, со чепкалка ги боцкате очинјата и дупчињата на носот. Ги редите во подмачкан плек и одозгот ги премачкувате со јајцето оставате да појдат и ги печете во загреена релна на 180 степени.
Ви препорачуваме овој рецепт да го подготвите со Ростер
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови