Испечати

Слатки прасенца

Слатки прасенца

Состојки

  • потребно за тесто
  • 200мл млеко
  • 80 гр шеќер
  • 60 гр путер
  • 1лаж сол
  • 3 јајца
  • 1коцка квасец
  • по потреба брашно
  • потребно и
  • 1 јајце за премачкување
  • 200гр ерокрем за полнење

Подготовка

Во топло млеко го растопуваме маргаринот и квасецот, јајцата ги матиме со шеќерот и го додаваме млекото, а потоа и брашно и месиме малку помеко тесто. Го оставаме да сташе, го расукуваме со дебелина 0,5 см и вадиме кругови за главата со пречник 6 7см за носот мал круг 1-1,5 см и мали правоаголничиња од кои вадите две триаголничиња за ушите.
Земате еден круг за главата на средината ставате од кремот,  страните околу кремот ги премачкувате со разматено јајце и заклопувате со друг круг со иста големина. Краевите со раце убаво ги притискате при печење да не се отворат. Го ставате носот и ушињата премачкани со јајцето за да се залепат,  со чепкалка ги боцкате очинјата и дупчињата на носот. Ги редите во подмачкан плек и одозгот ги премачкувате со јајцето оставате да појдат и ги печете во загреена релна на 180 степени.

Ви препорачуваме овој рецепт да го подготвите со Ростер

Ростер