Потпечени палачинки со моцарела и печурки
1. Ја матиме смесата за палачинки и ги печеме во загреано тавче. Можете да си ги направите и по свој рецепт.
2. Старото кромитче го сечкаме и го пропржуваме на малку маслиново масло, до застаклување, па ги додаваме печурките исечканите на ситно. Пропржуваме.
3. Моцарелата и козјото сирење ги рендаме, а младото кромитче и магдоносот ги сечкаме на ситно. Сето ова го промешуваме и со оваа смеса ги полниме палачинките и ги виткаме во ролат. Ги редиме во ватростално или некое друго соодветно намрсено тавче.
4. За бешамелот путерот го топиме, го додаваме брашното неколку секунди да се пропржи, па потоа ја додаваме киселата павлака, водата и на крај зачините. Убаво промешуваме да нема грутки, оставаме малку да поврие. Со бешамелот ги преливаме палачинките. Рендаме кашкавал врз сето ова. Печеме на 200 степени.
Лиценца: Сите права се задржани