Испечати

Потпечени палачинки со моцарела и печурки

Потпечени палачинки со моцарела и печурки

Состојки

  • За 10 палачинки
  • 500 мл вода или млеко
  • 15 лажици полни брашно
  • прстофат сол
  • За полнење
  • 125 гр моцарела сирење
  • 125 гр козјо сирење
  • 1 младо кромитче
  • 2 лажици маслиново масло
  • 250 гр свежи печурки шампињони
  • неколку листа свеж магдонос
  • За бешамел
  • 1 лажица путер
  • 2 лажици рамни, брашно
  • 3 лажици кисела павлака
  • 250 гр вода (зависи каква густина сакате на бешамелот)
  • прстофат мускатно оревче
  • 1 лажичка мешан сушен зачин со сол
  • 50 гр рендан кашкавал

Подготовка

1. Ја матиме смесата за палачинки и ги печеме во загреано тавче. Можете да си ги направите и по свој рецепт.
2. Старото кромитче го сечкаме и го пропржуваме на малку маслиново масло, до застаклување, па ги додаваме печурките исечканите на ситно. Пропржуваме.
3. Моцарелата и козјото сирење ги рендаме, а младото кромитче и магдоносот ги сечкаме на ситно. Сето ова го промешуваме и со оваа смеса ги полниме палачинките и ги виткаме во ролат. Ги редиме во ватростално или некое друго соодветно намрсено тавче.
4. За бешамелот путерот го топиме, го додаваме брашното неколку секунди да се пропржи, па потоа ја додаваме киселата павлака, водата и на крај зачините. Убаво промешуваме да нема грутки, оставаме малку да поврие. Со бешамелот ги преливаме палачинките. Рендаме кашкавал врз сето ова. Печеме на 200 степени.