Минералната вода се загрева колку да се покисне квасецот. Се замесува тесто со стасаниот квасец, шеќерот, солта, зејтинот и се остава да одмори-да стаса. Откако ќе стаса се прават кифлички или други форми се премачкуваат со премазот. Да стасаат повторно и се печат.
За поубава боја може во брашното за премаз да се додадат две лажици сок од свеж морков или тиква. Ова се многу меки кифлички и вкусни.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално