Посни кифлички
Најпрво го сееме брашното. Квасецот го раствораме во малку вода од потребното количество за месење на тестото. Во сад за месење го ставаме брашното, правиме кратер на средина. Од потребните состојки замесуваме средно тесто. Тестото го оставаме да надојде околу 40 минути.
Кога стаса го делиме на 6 еднакви дела. Од секој дел расукуваме кора со дебелина околу 3 мм, ја сечеме на 8 дела како што се гледа на сликата. Засекуваме со нож дијагонално и засукуваме кифла. Оставаме да стасаат.
Пред да ги печеме со четкичка ги премачкуваме со топла вода и ги наросуваме веднаш со сусам или ким и ги посолуваме со сол. Ги печеме на 180 - 200 степени околу 25 до 30 минути.
Од ова тесто слободно може да се направат и благи кифли. И овие кифли ги правев со импровизација на тестото за прв пат и навистина беа вкусни.
Се надевам дека ќе ви се допаднат. Ви посакувам добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани