Посна торта со спанаќ
Во сад ставете 20 лажици брашно и прашокот за пециво. Додадете го маслото, киселата вода и пивото и измешајте го убаво тестото. Потоа додадете ги исечканите малку обарени листови спанаќ, посолете по вкус и додадете ги останатите 3 лажици брашно и уште малку измашајте го тестото. Поделете го на 3 еднакви дела.
Печете ги корите поединечно во силиконско калапче или по друг калап обложен со хартија за печење. Печените кори оставете ги малку да се оладат, а потоа филувајте ги со филот.
За филот пенесто изматете го малку омекнатиот маргарин, додадете го мајонезот, сенфот и претходно обарениот ориз и киноа. Додадете сол и бибер по вкус и поделете го филот на 3 дела.
Во едниот додадете куркума и ситно сечкани кисели краставички, во другиот дел додадете го ситно исечканото цвекло а останатиот фил оставете го бел. Премачкајте ја едната кора со розевиот фил, ставете ја наредната и премачкајте ја со жолтиот фил, а третата кора премачкајте ја со белиот фил и посолете ја со претходно потпечениот сусам. Оставете ја вака подготвената солена торта во фрижидер убаво да се олади и исечете ја на парчиња. Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови