Испечати

Посна торта со спанаќ

Посна торта со спанаќ

Состојки

  • За 3 кори
  • 23 лажици бело брашно
  • 200 гр малку обарен спанаќ
  • 100 мл масло
  • 100 мл кисела вода
  • 100 мл пиво
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • За фил
  • 100 гр варен ориз
  • 80 гр киноа или просо
  • 200 гр посен мајонез
  • 100 гр маргарин (јас користам нехидрогенизиран био маргарин или кокосово масло)
  • 2 лажици сенф
  • 2 кисели краставички
  • 4 парчиња цвекло од тегла
  • бибер, сол, куркума по вкус
  • 50гр печен сусам за декорација

Подготовка

Во сад ставете 20 лажици брашно и прашокот за пециво. Додадете го маслото, киселата вода и пивото и измешајте го убаво тестото. Потоа додадете ги исечканите малку обарени листови спанаќ, посолете по вкус и додадете ги останатите 3 лажици брашно и уште малку измашајте го тестото. Поделете го на 3 еднакви дела.
Печете ги корите поединечно во силиконско калапче или по друг калап обложен со хартија за печење. Печените кори оставете ги малку да се оладат, а потоа филувајте ги со филот.

За филот пенесто изматете го малку омекнатиот маргарин, додадете го мајонезот, сенфот и претходно обарениот ориз и киноа. Додадете сол и бибер по вкус и поделете го филот на 3 дела.
Во едниот додадете куркума и ситно сечкани кисели краставички, во другиот дел додадете го ситно исечканото цвекло а останатиот фил оставете го бел. Премачкајте ја едната кора со розевиот фил, ставете ја наредната и премачкајте ја со жолтиот фил, а третата кора премачкајте ја со белиот фил и посолете ја со претходно потпечениот сусам. Оставете ја вака подготвената солена торта во фрижидер убаво да се олади и исечете ја на парчиња. Добар апетит!