Портокалова бајадера (без печење)
Еве уште еден есенски рецепт, за мене совршен заради времето на подготовка што не е повеќе од 30 мин. заради тоа што не се пече, а и заради вкусот на тиква кој му дава специфично убав вкус. Подготовката е следна
1. За подготовка на подлогата од бисквити.
Во подлабок сад на оган ставете 100 мл. вода и 50 гр. путер,измешајте со лажица додека путерот не се растопи. Во меѓувреме сомелете ги бисквитите и додајте ги во садот со растопениот путер и вода. Промешајте додека смесата убаво да се соедини и така добиената смеса ставете ја во соодветна тава. Јас користев силиконски калап кој нема потреба да се обложува со хартија. Доколку користите друг сад ставете на дното најлонска фолија за покасно полесно да го извадите колачот. Отавете ја тавата со готовата подлога во фрижидер да стегне додека го подготвувате филот.
2. За подготовка на филот со тиква. Тиквата претходно исчистена и исечена на парчиња, ставете ја во цедалка. Наросете со шеќер и оставете ја врз сад со зовриена вода да се вари на пареа додека да омекне. Откако е сварена оставете ја убаво да се излади и измиксирајте ја во блендер или нутрибулет. Додајте го и ванилиниот шеќер и преостанатите 100 гр путер кој стоел претходно на собна температура. Убаво измиксирајте додека да се соедини смесата. Во тиквата додадете и 100 гр. мелени лешници и лажица мед. Така подготвениот фил нанесете го врз подлогата од бисквити и оставете го колачот повторно во фрижидер да стегне.
3. На крај изматете го шлаг кремот со 125 мл ладно млеко. Извадете ја изладената бајадера од садот во кој сте ределе и украсете ја горната површина со изматен шлаг. Наросете малку цимет и попрскајте шарени трошки-топчиња. Сечете парчиња со големина по желба и уживајте во оваа есенска вкусотија.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
како ли ви испева да издржита додека да се олади и стегне без да ја раскупусите и да се старите директ од централа со лажица :D :D :D :D