Традиционален рецепт. Често го спремаме за најголемите празници како Велигден.

Подготовка:

1. Прво спремете ги тестата, за да се изладат пред филување.
2. Јајцата се матат со шеќер, па постепено се додаваат сите останати состојки додека матиме
3. Откако ќе изедначите, испечете во намрсено тавче 26, на 180 степени, во претходно загреана рерна. Печењето би требало да трае околу 20 минути, во зависност од силината на рерната.
4. Двете теста се подготвуваат исто. За филот, стоплете го млекото, без зовривање. Потопете ги оревите и бисквитите со него. Измешајте и оставете да се излади смесата.
5. Маргаринот и прав шеќерот изматете ги кремасто. Потоа спојте ги со смесата од бисквити и ореви. Изматете убаво со миксер.
6. Се филува ладен фил – ладни теста, по принцип: тесто – фил – тесто – фил.
7. Тестата е пожелно да се попрскаат со шербет, млеко, вода или некој сок пред да им се нанесе филот. Многу често не ја украсувам оваа торта зашто е убава и така, многу брза за правење, а превкусна.
8. Сепак, овој пат подготвив глазура од 200 гр чоколадо, 3 лажици вода и 50гр маргарин.
Ја прелив тортата и ставив малку бисквити. Пред послужување, тортата треба да престои барем 5-6 часа на ладно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови