Мераклиски брза торта вкусот многу подсеќа на куповните тортички. Топло ви ја препорачувам кај нас се подготвува редовно.
Подготовка
1. На почеток јајцата ги матиме заедно со шеќерот додека добиеме густа смеса. Во смесата ги додаваме млекото, зејтинот, пецивото, брашното и полека матиме со најмалата брзина на миксерот. Смесата ја делиме на два дела, во едниот дел го додаваме какаото.
Двете смеси најизменично ги сипуваме во мала ростер тава (во дополнителните слики ја имам целата постапка покажано). Печеме на 180степени половина час.
2. Шербетот го подготвуваме пред да се мати тортата затоа што треба да е ладен. Во касерола ги сипуваме водата и шеќерот треба да помине точно пет минути од зовривањето. Тргаме на страна и во жешкиот шербет ги кршиме двете чоколади мешаме. Пред да ја полиеме тортата со шербет ги ставаме во него двете лажици рум.
3. Откако тортата ќе се излади исечете ја на коцки и полите ја со ладниот шербет.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани