Јајцата излупени исечете ги по должина на половина. Извадете ги жолчките и ставете ги во чинија. Изгмечете ги со лажица. Додајте ги и останатите состојки. Измешајте ја смесата да се изедначи. Додајте сол и бибер по вкус.
Добиената смеса ставете ја во готварски шприц и наполнете ги белките од јајцата или едноставно со лажица.
Украсете ги со парченца чаден лосос и копар или по ваша желба.
За подобар естетски изглед послужете ги на чинија обложена со зелена салата, ротквици, домати, краставици, маслинки итн.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани