Испечати

Полнети јајца со лосос и крем сирење

Полнети јајца со лосос и крем сирење

Состојки

  • 4 варени јајца
  • 2 полни лажици крем сирење
  • 60 гр многу ситно исецкан чаден лосос
  • 1 лажица густ јогурт
  • 1 лажица ситно исецкан копар
  • по вкус сол и бибер

Подготовка

Јајцата излупени исечете ги по должина на половина. Извадете ги жолчките и ставете ги во чинија. Изгмечете ги со лажица. Додајте ги и останатите состојки. Измешајте ја смесата да се изедначи. Додајте сол и бибер по вкус.
Добиената смеса ставете ја во готварски шприц и наполнете ги белките од јајцата или едноставно со лажица.
Украсете ги со парченца чаден лосос и копар или по ваша желба.
За подобар естетски изглед послужете ги на чинија обложена со зелена салата, ротквици, домати, краставици, маслинки итн.