25
дек
2015
Полнети јајца со кајмак и сирење - Deviled eggs
1. Јајцата се варат 15 минути, се лупат и се сечат на половина.
2. Во посебен сад се одделуваат жолчките, се додаваат две лажици кајмак, една лажичка сенф и 1 лажица ситно рендано сирење и се заедно се меша.
3. Добиеното пире се става во готварски шприц и со него се полнат белките.
* Обично рецепт го подготвувам со мајонез, но овој пат истиот го заменив со кајмак и мене лично многу повеќе ми се допадна. Како замена може да се стави и павлака.
Лиценца: Сите права се задржани