Полнета салата
На пиперката и доматите отсечете им го горниот дел и исчистете ги пиперката од семките, а внатрешноста на секој домат ставете ја во посебен сад.
Сирењето испасирајте го со вилушка. Додадете ги мајонезот и павлаката. Измешајте. Изрендајте ја краставицата и морковот (за подекоративо можe и на ситни коцки). Лукот испасирајте го, а маслинките исечете ги на мали кругови. Сето ова заедно со коцките од внатрешноста на доматот додадете го во садот со сирењето. Измешајте на крај уште ситно сецкан магдонос, малку рузмарин и со лажиче полнете ги пиперката и доматите кои внатрешно сте ги обложиле со по еден лист зелена салатка.
Тиквичката исечете ја на кругови и во малку масло пропржете ги од двете страни. Одложете ги на хартија да се впие мрснотијата и посолете ги дури се топли.
Во малку масло или во она кое останало од тиквичките кратко пропржете го испасираниот лук, па додадете ја ситно сецканата внатрешност од другиот домат. Пржете неколку минути додека не се хомогенизираат состојките, додадете го мајонезот и пржете уште толку, колку сите состојки да се изедначат. На крај посолете и додадете малку оригано.
Со овој прелив ги преливаме пржените тиквички кои скалесто сме ги наредиле пред салатата со полнет зеленчук . Уште украсуваме со парчиња чаден кашкавал и 2 топки кисела павлака наросена со буковец. Крајот на декорацијата го завршуваме со листови магдонос и кругови маслинки.
Лиценца: Сите права се задржани
Лили уводот е поврзан со коментарот на Лудо :) -провокацијата за рецепт на омилена салата :))) Сакав нешто што ќе биде и убаво украсено за око, а сепак омилено за јадење... Моментално најомилено од салата за мене е шопска(панчанела и не е далеку по состав од неа) и таратур:) Ова се базира на таратур вкус со додатоци... се во едно и плус не си далеку од вистината... мене само обична салата ми е оброк, а ова веќе фул оброк за мене ;) Ткивичките за додаток ги правев по сеќавање на свекрвата, но на мој начин и иако годинава многу се залетав на нив-се уште мислам дека не сум „тикварка„, сепак, се изненадив колку посебно уживав во нив :)
знаев дека си смислувач на рецепти!!! :) :) :) :)
не лажи лажова бре!!! :) :) :) :)