Полнета салата
Состојки
- 4 листа зелена салатка
- 2 поголеми домати
- 1 пиперка бабура
- за полнење
- 100 гр сирење
- 1 лажиче мајонез
- 2-3 лажици кисела павлака
- 100 гр краставици
- 1 морков
- 1 чешне лук
- 1 грст маслинки (црни и зелени)
- од 1 домат (внатрешноста), магдонос, рузмаин
- за прилог и украсување на салатата
- 1 тиквичка
- 2-3 парчиња чаден кашкавал
- 2 топки кисела павлака, буковче, магдонос, сол
- за прелив
- 1 чешне лук
- 2 лажици маслиново масло
- 1 лажиче мајонез
- од 2от домат внатрешноста
Подготовка
На пиперката и доматите отсечете им го горниот дел и исчистете ги пиперката од семките, а внатрешноста на секој домат ставете ја во посебен сад.
Сирењето испасирајте го со вилушка. Додадете ги мајонезот и павлаката. Измешајте. Изрендајте ја краставицата и морковот (за подекоративо можe и на ситни коцки). Лукот испасирајте го, а маслинките исечете ги на мали кругови. Сето ова заедно со коцките од внатрешноста на доматот додадете го во садот со сирењето. Измешајте на крај уште ситно сецкан магдонос, малку рузмарин и со лажиче полнете ги пиперката и доматите кои внатрешно сте ги обложиле со по еден лист зелена салатка.
Тиквичката исечете ја на кругови и во малку масло пропржете ги од двете страни. Одложете ги на хартија да се впие мрснотијата и посолете ги дури се топли.
Во малку масло или во она кое останало од тиквичките кратко пропржете го испасираниот лук, па додадете ја ситно сецканата внатрешност од другиот домат. Пржете неколку минути додека не се хомогенизираат состојките, додадете го мајонезот и пржете уште толку, колку сите состојки да се изедначат. На крај посолете и додадете малку оригано.
Со овој прелив ги преливаме пржените тиквички кои скалесто сме ги наредиле пред салатата со полнет зеленчук . Уште украсуваме со парчиња чаден кашкавал и 2 топки кисела павлака наросена со буковец. Крајот на декорацијата го завршуваме со листови магдонос и кругови маслинки.