Полжавчина од кајгана
Декоративни солени полжавчина кои може да си ги правите со вашите дечиња.
Рерната вклучете ја да се загрее на 200 степени.
Хартија за печење искинете ја со вода и истиштете ја. Ставете ја во плехче (35х27).
Во сад со жица иматете ги јајцата, додајте го пармезанот, магдоносот ситно исецкан и зачините по вкус. Истурете ги во плехот и ставете ги да се запечат околу 10-12 мин. Во печењето ќе се направат и меурчина по површината, но нема гајле, кога ке се извади од рерна ќе си спласнат.
Печената кајгана извадете ја од рерната и веднаш покријте ја со најлонска фолија и превртете ја, да биде со хартијата нагоре. Така оставете ја да олади.
Кога е оладена внимателно извадете ја хартијата.
Наредете ги прво парчињата кашкавал, но да бидат малку одалечени и од крајот на кајганата и помеѓу нив за да не се виткаат при виткањето на ролатот.
Одозгора над кашкавалот наредете ја и шунката. Колку парчина ќе ставите зависи од нивната големина.
Со помош на најлонската фолија цврсто завиткајте ролат и стегнете го со истата.
Ставете го во фрижидер да отстои 30-на минути.
Виршлите во тава со малку масло и на тивко пропржете ги но сосема малку колку да зацрврнат. Оставете ги да оладат и исечете ги дијагонално.
Краевите од ролатот израмнете ги и сечите парчина околу 2 цм (куќичката на полжавчината). Јас направив 8.
На секое парче од ролатчината ставајте по една виршла така што исечениот(косиот) дел да зафаќа под ролатчето (куќичката) и зацврстете ги со чепкалки.
На горниот дел од виршлата со помош на чепкалката направите дупчина и ставите по две тенки стапчина исечени од морковот како рокчиња.
За очите, столчете ги зрната бибер, со чепкалката направете дупчина и ставајте по две парченца, со помош на чепкалката.
Ете, ова беше мојата идеа за полжавчината, се надевам ќе ви се допаднат)).
Лиценца: Сите права се задржани
п.с. мислам хартијата треба да се покисне или искисне што бинрекла ти, такаа, а не да се искине, една нула една кула, додека сконтав неколку пати го прочитав текстов,ама се разбира не е никаква замерка ова, само да нема збунка го коментирам:)
Da treba da se iskisne, pokisni so voda da omekni a ne da se iskini:))))
Коментарот на ќерка ми беше .... леллеле и мене вакви да ми направиш :)
Преубаво изгледаат, уште еднаш браво.
Falati mnoguuu:)