Брашното и шеќерот се замесува со омекнатиот путер, се додава рендана кора од лимон и јогуртот за да се добие фино меко тесто. Се оформува во топка и завиткано во фолија се остава да одстои во фрижидер околу 30 минути.

За тоа време сливите се сечат надолжно на четвртини. По половина час тестото се вади од фрижидер и се разсукува во дебелина од 1 см се става во обложена тава со хартија од дијаметар 28 см и се распоредува убаво со раце, а на краевите се подвиткува исто за околу 1 см. Вака подготвеното тесто се става во загрена тава и се пече околу 10 минути на 220 степени.

Јајцето, павлаката, медот и циметот се матат. Се вади полупеченото тесто од рерна и се полива со преливот. Врз него скалесто се редат сливите се наросуваат со ванилиниот шеќер и повторно се враќа да се пече уште 30 минути на 200 степени. По печењето се остава да се олади и се сече на парчиња, иако јас никогаш не дочекувам да се олади бидејќи тешко можам да оддолеам на неодоливиот мирис и уште топла ја сечам хахах.... Прекрасна пита за оваа сезона...Добар апетити.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови