Пита со сливи и мед
Брашното и шеќерот се замесува со омекнатиот путер, се додава рендана кора од лимон и јогуртот за да се добие фино меко тесто. Се оформува во топка и завиткано во фолија се остава да одстои во фрижидер околу 30 минути.
За тоа време сливите се сечат надолжно на четвртини. По половина час тестото се вади од фрижидер и се разсукува во дебелина од 1 см се става во обложена тава со хартија од дијаметар 28 см и се распоредува убаво со раце, а на краевите се подвиткува исто за околу 1 см. Вака подготвеното тесто се става во загрена тава и се пече околу 10 минути на 220 степени.
Јајцето, павлаката, медот и циметот се матат. Се вади полупеченото тесто од рерна и се полива со преливот. Врз него скалесто се редат сливите се наросуваат со ванилиниот шеќер и повторно се враќа да се пече уште 30 минути на 200 степени. По печењето се остава да се олади и се сече на парчиња, иако јас никогаш не дочекувам да се олади бидејќи тешко можам да оддолеам на неодоливиот мирис и уште топла ја сечам хахах.... Прекрасна пита за оваа сезона...Добар апетити.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Kako da e, mene tvojot recept mi e ubav :)
За одредени рецепти си дозволуваме да ги менуваме имињата на истите од повеќе прични:
1. Веќе постои рецепт кој е со исто име, а различен состав. Рецепти со исто име не можеме да објавуваме
2. Доколку треба да чекаме одобрување од готвачот за името на рецептот, тој рецепт ќе треба да чека за објавување.
3. Сметавме дека главна и интересна карактеристка на оваа пита беа токму тие три состојки затоа и ги пишавме како наслов.
Доколку ти пречи менувањето на насловот, пиши ни дали сакаш да ти пратиме по мејл известување за секој рецепт ако треба да се менува насловот и да чекаме одобрување од твоја страна. Тоа нема да ни биде никаков проблем.
Поздрав :)