Во длабок сад ги мешаме брашното и прашокот за пире.
Во нив ги додаваме квасецот, шеќерот и жолчките од јајцето.
Промешуваме лесно и додаваме стопен маргарин.
Посолуваме и замесуваме убаво меко тесто.
Оставаме да стаса.
Додека тестото стасува ние ги сецкаме на ситни коцки, шунката ,краставичките и кашкавалот.
На страна во стаклен сад го правиме филот .
Ги матиме двете белки и кога ќе стане густ снегот од белките ги додаваме претходно исецканите продукти.
Откако тестото е дуплирано, го размесуваме на набрашнета маса и растегнуваме кора.
Со модли вадиме форми и ги полниме модлите кои претходно ги намрсивме.
Потоа го додаваме филот во модлите и веднаш ставаме да се печат. Готови се кога ќе ја сменат бојата и ќе добијат малку руменкаста боја.
Сервираме скалесто на чинијата, секако ако ве остават децата да сервирате. Кај мене се изеде се ..едвај успеав да тргнам некое за сликање.
За оние кои немаат модли може да се направат кругови со чаша и да се наредат во намрсена тава.
Потоа со помал обрач да се извадат прстени од други кругови и прстените да се стават врз првите кругови кои ги ставивме во тавата. Потоа во длабнатинката која ке ја имаат круговите да се наполни со филот и да се пече.)
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови