15
окт
2019
Пилешко во крем супа од печурки со сланина
Белото месо исечете го на тенки парчиња. Маргаринот растопете го, секое парче бело месо ставете го во растопен маргарин, потоа во крем супа од печурки. Откога ќе се извалкаат во крем супата од печурки секое парче се витка со тенко исечени ленти сланина и се реди во тавче. Лукот се сецка ситно и се става врз белото месо, а преку тоа се налева неутрална павлака.
Се пече 45 минути на 200 степени.
На здравје !!!