14
окт
2014
Печурки со сланина (лисичарки)
Овој период многумина на трпезите имаат печурки токму поради тоа што сега растат, но и затоа што се многу вкусни. Мојот рецепт е многу едноставен и не вклучува многу состојки.
1. Најпрво ја сечеме сланината на ситни парчиња и ја пржиме на загреано масло 5-10 минути.
2. Печурките исто така ги сечеме на ситни парчиња (користев свежи печурки-лисичарки) и ги додаваме ва сланината.
3. Зачинуваме со сол, црн бибер и мешан сув зачин.
4. Печурките ќе пуштат течност која треба потполно да испари и уште десеттина минути плус се оставаат печурките да се пржат.
Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови