20
окт
2019
Компири со сланина и печурки
Компирите сварете ги. Оставете да изладат и излупете ги.
Компирите исечете ги на коцки.
Кромидот ситно исечете го и ставете го да се пржи. Додајте сечени печурки и сечена сланина заедно, попржете малку, додајте компири и уште малку подпржете ги. Посолете, додајте сув зеленчук. На крај ставете ситно сечен магдонос и младо кромидче.
Добар апетит!