11
сеп
2021
Крокети од компири, со чадена сланина
Подготовка:
1. Компирот треба да е сварен, исцеден и добро оладен во фрижидер. Се става во сад, каде се пасира со вилушка. Се додаваат јајце, брашно, пециво, младо сирење и зачини. Убаво се промешува цела смеса, за да се изедначи. По желба може да се додаде и сецкано, младо кромитче.
2. Се зема по една полна лажица и се формира како крокет. Се завиткува во лента сланина. Краевите може да се обложат со сусам
3. Се пржат во малку загреано масло да заруменат. Се редат врз хартија. Потоа топли се послужуваат.
Лиценца: Сите права се задржани