Крокети од компири, со чадена сланина
Состојки
- 300гр варени компири
- 1 јајце
- 1 или 2 лажици младо сирење
- 1 лажица брашно
- 1/4 лажиче пециво
- Сол, бибер
- Зачини по вкус. Магдонос, босилек, власец
- Танки ленти чадена сланина
- Малку сусам
- Масло за пржење
Подготовка
Подготовка:
1. Компирот треба да е сварен, исцеден и добро оладен во фрижидер. Се става во сад, каде се пасира со вилушка. Се додаваат јајце, брашно, пециво, младо сирење и зачини. Убаво се промешува цела смеса, за да се изедначи. По желба може да се додаде и сецкано, младо кромитче.
2. Се зема по една полна лажица и се формира како крокет. Се завиткува во лента сланина. Краевите може да се обложат со сусам
3. Се пржат во малку загреано масло да заруменат. Се редат врз хартија. Потоа топли се послужуваат.