21
окт
2019
Мезе од тиква со печурки, кашкавал и сланина
Тиквата излупете ја, исечете ја на парчиња и сварете ја малку.
Варената тиква посолете ја, додајте зачини.
Печурките испржете ги.
Тиквата исечете ја на долгнавести парчиња.
На секое парче тиква ставете печурки, кашкавал и замотајте во сланина.
Испржете во загреано масло.
За сос
Едно парче варена тиква изблендирајте со калинка, додајте павлака, шекер и се измешајте.
Во чинија ставете малку од сосот и врз него парчиња тиква.
Многу вкусно и убаво мезе.
Добар апетит!