1. Пилешкиот џигер се вари 15-тина минути. Потоа се зачинува со сол и мелен бибер и се пржи убаво од двете страни.

2. Во посебна тава се пропржува ситно сецканиот кромид. Откако кромидот ќе почне да омекнува се додаваат морковите, црвените пиперки и 100 мл вода.

3. Се покриваат со капак и се оставаат да се динстаат 5-6 минути.

4. Откако водата ќе испари се додаваат ситно исецканите печурки, соја сосот и 50 мл вода. Убаво се промешува и се готви додека печурките не омекнат.

5. На крај во тавата со зеленчук се додаваат пилешките џигери и се заедно се меша и се трга од оган.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани