Пилешки џигер со зеленчук
Денес фрижидерот ми нудеше расноврсен коренест зеленчук и пилешки џигер. Па еве што искомбинирав од тие состојки. Излезе прекрасен вкусен, сочен ручек надополнет со зелена салата, младо кромитче...мммм. Прво исчистениот пилешки џигер го ставаме во зовриена вода да проврие само 1 минута. Го процедуваме низ цедалка, значи нечистотијата ја фрламе и го миеме со ладна вода. Во касерола налеваме масло. Го ставаме исецканиот праз да се пржи и пред крај го додаваме и исецканото кромидче. Сега ги додаваме сецканите( во делимано процесор) листови целер, морков, пашканат,целер,цвекло. Нека се пржи уште 3-4 минути сето заедно. Зачинуваме по вкус, па додаваме малку црвен пипер, компири исечени на коцки и измиеното џигерче. Налеваме околу 150 мл вода или бујон и вариме на тивко околу 30 минути. Посипуваме со сецкан магдонос.