Најпрвин ставете ги батаците да се сварат, а потоа оделете го месото и искинете го на мали парчиња.
Во тава на оган ставете го путерот да се растопи и додајте ги шампињоните. Пржете додека водата од печурките испари, а потоа додајте го месото и заедно пржете уште малку.
Посолете, наросете црн бибер, додајте го млекото и зденките и покријте ја тавата со капак.
Оставете да се стопи сирењето и да проврие малку со млекото.
Откакао сосот малку ќе се згусти спремен е за послужување.

Јас овој сос го послужив со печен компир со рузмарин и презла.

Ви препорачуваме овој рецепт да го подготвите со Касерола

Касерола

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани