Пилешко со кикирики и праз
1. Стекот се сече на коцкички и се посипува со густин.
2. Празот се сецка на тркалца и добро се мие под јак млаз.
3. На загреан зејтин се печат кикириките(кратко со мешање), па се вадат во чинија настрана.
4. Во истиот зејтин се пржи пилешкото(исто кратко, само 2-3 мин) и се вади настрана во чинија.
5. Во истиот зејтин се пропржува празот со исецканото чили пиперче, па се враќаат кикириките и пилешкото.
6. Во водата се разматува густинот, се додава исецканиот лук, соја сосот, ѓумбирот, смесата од суви зачини и белото вино. Се прелива пилешкото и се остава малку да прокрчка, додека сосот се згусне.
Се сервира со варен ориз. Пилешкото може да се замени со свинско месо.
Ова кинеско јадење, не само што е многу вкусно, но е и многу евтино, а да не зборам колку брзо се подготвува. Мене ме чинеше помалку од 150 ден., а го приготвив за 15-ина минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови