Видео рецепт: Кинески тестенини со пилешко и кикирики
Јатките имаат и друга намена освен да служат како грицки во комбинација со пиво додека гледате спорт на телевизија. Нивниот вкус може да се ослободи на многу различни начини преку готвење, а најдобра во тоа е азиската кујна.
Состојки
- 500 грама пилешки гради
- 1 супена лажица пченкарно брашно
- 6 супени лажици сос од соја
- 1 јајце
- 1 пилешка коцка за супа (по желба)
- 3 лути пиперчиња
- 1 кромид
- 1 главица лук
- Еден сантиметар корен од ѓумбир
- Една рака кикирики
- 2 порции тестенини со јајца
Ќе ви треба и:
- Сол, бибер и маслиново масло
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Вок Тава.
Подготовка
Чекор 1: Време е за сечкање: Ние користиме стар кромид, но можете да пробате и со млади кромитчиња доколку сакате. Излупете го и исечкајте ѓумбирот, лукот и лутите пиперчиња. Пилешкото исечете го на ленти.
Чекор 2: Ставете ги парчињата пилешко во длабок сад и измешајте ги со 1 јајце, пченкарно брашно и соја сос за да се маринира најмалку 30 минути.
Чекор 3: Загрејте ја Вок тавата на висока температура и додадете малку масло. Најдобро би било доколку можете да најдете масло од кикирики. Додадете ги ѓумбирот и лукот и убаво промешајте ги во маслото. Потоа пржете го зеленчукот додека да омекне и да стане крцкав.
Чекор 4: Го тргаме зеленчукот и сега ќе ги пржиме парчињата пилешко во Вок тавата. Маринадата со јајце и пченкарно брашно ќе го згусне сосот.
Во сосот ставете ги и кикириките да омекнат и да го збогатат вкусот на сосот и потоа вратете го повторно зеленчукот во тавата и гответе се заедно.
Тргнете ја Вок тавата од шпорет и додадете ги сварените тестенини. Измешајте убаво и послужете.
СОВЕТ: Ѓумбирот и лутите пиперки му даваат специфичен вкус на ова јадење, но потребни ви се силни вкусови во комбинација со соја сос, кикирики и маринирано пилешко. Доколку сакате, тестенините можете да ги послужите како гарнир, и, обидете се да јадете со стапчиња!!!