30
ное
2014
Пикантно макало со грав (посно)
Се вари гравот. Во друго тенџере посебно се варат црвените пиперки, убаво да се сварат за да можат да се излупи срцевината од пиперкте. Во дрвен сад се толчи лукот со сол се додаваат пиперките, сварениот грав и се се толчи заедно да се соедини смесата. Се додава доматната салца (може и домашна од зимница) се меша се убаво, се посолува по вкус. На крајот маслото се загрева и се попарува макалото со врело масло. Потребен ви е топол леб и овчо сирење за задоволството да биде целосно, Добар апетит!!!!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови