Испечати

Пикантно макало со грав (посно)

Пикантно макало со грав (посно)

Состојки

  • 150 грама грав
  • 20 суви црвени пиперки, мешани и благи и неколку лути
  • 250 мл доматна салца
  • 50 мл масло за јадење, сол, 4-5 чешниња лук

Подготовка

Се вари гравот. Во друго тенџере посебно се варат црвените пиперки, убаво да се сварат за да можат да се излупи срцевината од пиперкте. Во дрвен сад се толчи лукот со сол се додаваат пиперките, сварениот грав и се се толчи заедно да се соедини смесата. Се додава доматната салца (може и домашна од зимница) се меша се убаво, се посолува по вкус. На крајот маслото се загрева и се попарува макалото со врело масло. Потребен ви е топол леб и овчо сирење за задоволството да биде целосно, Добар апетит!!!!!