12
апр
2021
Панакота со јаготки
Наједноставната и најубава панакота со јаготки по рецепт на шеф Винченцо.
1. Желатинот растворете го во малку вода и оставете го да набабри.
2. Слатката павлака заедно со шеќерот и аромата загрејте ја на тивок оган до вриење. Во неа ставете го набабрениот желатин и промешајте да се раствори.
3. Ставете ја смесата подеднакво во три чаши и оставете ги во фрижидер да се стегне (најубаво преку ноќ).
4. На оган ставете ги јаготките, шеќерот и водата и откако ќе зовријат варете 5 минути, да се ослободи вишокот на вода. Изблендирајте ја смесата и кога ќе се олади, нанесете ја подеднакво врз панакотата.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови