
Панакота – домашна
Специјалитет на Италијанската покраина Пиедмонта и во превод значи сварена крема или сварена павлака.
1. Се става слатката павлака (која мора да е од животинско потекло) а не слатка павлака со растителна маснотија и шеќерот во сад за варење и се загрева на тивко до пред вриење(не смее да зоврие)
2. Се додава ванилата и се меша со жица за матење.
3. Се додава желатинот и се добро заедно се измешува.
4. Смесата се истура во плиток сад исплакнет со вода или во мали калапчиња за пудинг или суфле.
5. Прелив* Јагодите или малините се варат малку со шеќерот и малку се гмечат.
6. Панакотата се става во фрижидер и се остава добро да се стегне и да се олади па пред сервирање се полива со преливот.Преливот може да биде најразличен со јагоди,малини,портокали и кајсии..Во смесата по желба може да се додаде и чоколадо за готвење,рум и сл.
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер ; Касерола
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Cestitki!!