Кој вели дека во зима не треба да се освежиме?
Навистина за во лето ова е пожелно, но ништо не фали и во зима. Ова е малку поинаква панакота, да не речам домашно направен овошен јогурт, со додадена белка и желатин...

Подготовка
1. Најпрвин припремете го желатинот према упатстовото на самата кеса- да набубри.
2. Малините испасирајте ги да добиете кашеста смеса.
3. Со миксер изработете ја белката во цврст снег и спојте ја со смесата од малините.
3. Во јогуртот додадете ја смесата од малините, лимоновиот сок, медот, измешајте да се сето тоа спои.
4. На пареа ставете го садот со желатинот да се растопи, но не да зоврие, исипете во јогуртот притоа цело време мешајки ја целата смеса.
5. Во навлажнети модли распоредете ја добиената смеса, ставете во фрижидер најмалку 2 часа да одстои и можете да послужите.

Забелешка
- Јас правев и со јагоди и со малини - одлично.
- Немав доволно мед - ставив шеќер на вкус.
- Многупати знам и пократок пат, го загревам јогуртот нормално дека притоа треба да се внимава да не зоврие (ќе добиете урда ), а во јогуртот го ставам и желатинот и мешам со лажицата се додека желатинот не се растопи во јогуртот, по што ја додавам измешаната смеса добиена од пасираните малини или јагоди во која сум веке додала мед или шеќер и лимонот.

Совет
Познавам многу кои не сакаат ни да помислат на желатин, ова може да се спрема без желатин но под услов да одстои во замрзнувач најмалку еден ден, па се служи како сладолед. Вака го спремам ова освежување во летниот период - без желатин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани