Палачинки со чизкејк крем
Палачинките се омилен десеерт на многумина па и кај нас.Од многуте начини на подготовка и комбинации на филување еве еден предлог од мене.
Кашата за паланчинки се прави така што се мешаат јајцето и млекото со жица,се додава маслото и ванилиниот шеќер и на крај постепено додадете го брашното.
Оставете ја кашата да одмори околу половина час а потоа пржете ги палачинките на стандарден начин.
Чизкејк кремот се прави на тој начин што прво се мати слатката павлака,се додава крем сирењето и шеќер во прав и се заедно се меша.
Палачинките филувајти ги прво со чизкејк крем па нанесете џем од јагоди и наросете со мелени бисквити.
Ги прелеав со чоколадниот прелив.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови