Овошни пудинг кошнички
Овие корпиња, како и уште 3 други десерти ги спремав за учество на Бит Фест под темата Храна без месо, која беше организирана од страна на една битолска организација за заштита на животните и еден блог на млади и перспективни нутриционистки од чија страна и ја добив поканата. Можам да кажам дека освен што лично мене многу ми се допаднаа, добија пофалба и од широкиот спектар на посетителите/дегустатори на оваа манифестација, па со задоволство решив рецептот да го споделам и овде со сите вас *_*
Најпрво сварете го пудингот во млекото и шеќерот. Покријте го со целофан за да не фаќа кора одозгора и оставете го да излади или пак повремено мешајте го.
Потоа од состојките за тесто замесете го тестото. Доколку е потребно, додадете уште една лажичка вода, иако не би требало.
Тестото потоа расучете го помеѓу 2 целофани во дебелина од 2-3 мм. Со помош на чаша или кружен калап со пречник од 7 см вадете кругови кои со оклагијата уште малку ќе ги приистанчите.
Круговите тесто наредете ги во модлите за мафини, предходно убаво премачкани со омекнат маргарин.
Во оладениот пудинг сега додадете ја киселата павлака и кремасто изматете го филот.
Во секоја модла обложена со тесто ставете по една преполна лажица фил и убаво израмнете.
Печете на 180 Ц додека врвовите на корпите благо не отемнат и филот од пудинг не фати коричка (одприлика 20на мин или можеби повеќе во зависност од вашата рерна).
Во мегувреме исецкајте го разнобојното овошје. Доколку сакате повпечатливи шарки, можи да ставите и тенко исецечно суво овошје, дури и желе бомбони.
Испечените пудинг корпиња оставете ги малку да подоладат и потоа извадете ги внимателно од калапите. Кога убаво ќе оладат врз нив се реди сецканото овошје и најгоре се преливаат со преливот за торти, предходно припремен спрема упатството на ќесичката.
Корпињата се доста декоративни и многу вкусни. Од оваа доза излегуваат 15 парчиња.
Доколку не ви се спрема тесто, исто така можи тестото да го замените со готово лиснато тесто, она кое се продава во веќе исечени коцки. Но, сепак, барем еднаш ви препорачувам да ги направите оригинал, затоа што тестото е многу лесно за подготовка, воопшто не е проблематично и до сега по мене е највкусното од ваков тип кое сум го пробала *_*
Лиценца: Сите права се задржани