8
мај
2012
Овошни микадо обланди
Водата и шеќерот да зовријат. Се додава маргаринот и се вари уште нецели 5 мин на тивок оган. Пред да се тргне садот од огнот се додава чоколадото и џемот. Се трга од оган и се убаво растопуваме мешајќи. На крај се додава млекото во прав постојано мешајки и цела смеса се истура врз оризовите снегулки. Откако се добро ќе се промеша се става врз едната обланда, а над смесата другата. Добро натиснуваме со тежок предмет и оставаме да се стврдни смесата. Ја сечиме на коцки, кои по желба можат одозгора да се глазираат со растопено чоколадо.
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите ДелиманоКасерола
Лиценца: Сите права се задржани
Натали, јас градот го превртив за да најдам млеко во прав, за чудо немаше пред велигденот скоро во ниеден комплекс на големи маркети. и на крај, само во еден локален поголем и добро опремен маркет најдов. Не сум експериментирала за некоја замена за него, но сега бидејќи ти ме праша, на мисла ми иди дали ќе е можно, густинот или пудингот да го замени. Но, како ќе е соодносот за густината и разликата од млекото во прав, вероватно ќе треба малку експериментирање, ако до сега не сме испорбале...ме наведе, следниот пат кога ќе ги правам така да испробам :)
Лудо, само нека не паѓа на земја :) ценет приозвод е ;) ... а за паѓањето, нека се падни кај ќе е среќа, на било кој, сигурна сум дека ќе му биди најупотребуваното кујнско „реквизитче„ :)))