13
јул
2012
Овошни мафини
Загрејте ја рерната на 185 степени и спремете ги корпињата за мафини во калапите.
Измешајте ги сите состојки за тестото и на крај додадете го овошјето.
Со лажица полнете ги калапите еден прст до врвот.
Од состојките за одозгора се меша компактна смеса и од неа се наросува над смесата за мафини.
Печете одприлика 20ина минути. Оставете малку да се оладат и извадете ги од калапите.
Можите да ги прелиете одозгора по желба и со сос од истото овошје со кое сте избрале да ги направите. Земете 100 гр и лажица до две шеќер и сварете ги неколку минути.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани
Мајушка морав да ги опробам, а малинките некако при крај во дворот, супер се најдоа за ова. Следните калапчиња ќе ги бараме повисоки само од овие, инаку супер се покажаа :)
Дианче, јас реков кога ќе си купам вистински калапи за мафини твојот рецепт со мафините ќе биди испробан. Ама ќе мора да почека кога ќе има вистински јаболка, со нормална цена по пазарите. Сега е најкризен период за тоа овошје. И со кафе и гледање не е лошо хехе не ме карај ;)
Лили, не мора да се со рибизли, можи и со друго некое:) Ама ти враќам за смеифредото со целуфките да видиш како е хаха... и преге го меркав пак и пак заборавив дека целифки треба, а си купив кекси баш за него вчера.... само, кај и да е, ќе го стаса и него редот ;)