31
мај
2015
Овошни мафини
Се матат јајцата со шеќерот. Брашното, пецивото и содата се помешуваат. Откако јајцата се убаво изматени додадете го млекото и маслиновото масло. Исклучете мискерот, па додадете го брашното. Мешајте со лажица и додавајте од овошјето. Јас измешав, некои ги направив со кандиран цитрон, други со боровинки. Префрлете ја смесата во калапчиња и наросете врз нив по малку од овошјето. Печете во загреана рерна но намалете ја сега на потивко да се печат. Печените овошни мафини се повкусни откако ќе изладат. На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови