Овошни мафини
Состојки
- 280 гр брашно
- 200 гр шеќер
- 5 гр сол
- 15 гр прашок за печење
- 120 мл масло
- 120 мл млеко
- 1 јајце
- 220 гр овошје (боровинки, малини, рибизли, капини...)
- состојки за одозгора
- 100 гр шеќер
- 60 гр брашно
- 85 гр путер или маргарин
- 5 гр цимет
Подготовка
Загрејте ја рерната на 185 степени и спремете ги корпињата за мафини во калапите.
Измешајте ги сите состојки за тестото и на крај додадете го овошјето.
Со лажица полнете ги калапите еден прст до врвот.
Од состојките за одозгора се меша компактна смеса и од неа се наросува над смесата за мафини.
Печете одприлика 20ина минути. Оставете малку да се оладат и извадете ги од калапите.
Можите да ги прелиете одозгора по желба и со сос од истото овошје со кое сте избрале да ги направите. Земете 100 гр и лажица до две шеќер и сварете ги неколку минути.
Добар апетит!