Овошни микадо обланди
Состојки
- 250 гр млеко во прав
- 100 мл вода
- 5 лажици шеќер
- 250 гр маргарин
- 100 гр бело чоколадо
- 7 лажици џем од јагода (или друг со јака црвена боја.. малини, брусница...)
- 100 гр оризови снегулки
- 2 листа обланда
Подготовка
Водата и шеќерот да зовријат. Се додава маргаринот и се вари уште нецели 5 мин на тивок оган. Пред да се тргне садот од огнот се додава чоколадото и џемот. Се трга од оган и се убаво растопуваме мешајќи. На крај се додава млекото во прав постојано мешајки и цела смеса се истура врз оризовите снегулки. Откако се добро ќе се промеша се става врз едната обланда, а над смесата другата. Добро натиснуваме со тежок предмет и оставаме да се стврдни смесата. Ја сечиме на коцки, кои по желба можат одозгора да се глазираат со растопено чоколадо.
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите ДелиманоКасерола