Најлиснати посни спирали
Лиснатичкиве покрај што се посни секоја домаќинка препорачувам барем еднаш да ги проба во својата кујна,нам ни се омилени. Најбитниот дел е состојките да се точно онака ставени како е запишано, од брашното и останатите состојки(без мак и сусам) се замесува тесто кое на почеток е малку суво,но со тек на месење ќе ја добие потребната конзистенција. Се сука кора од добро измесено тесто дебела околу 5-6 мм, се премачкува со 1/3 од маргарин кој одстојал на собна температура. Се става во фрижидер предиплена во плик и стои 30 мин. Истата постапка се повторува уште 2 пати додека се потроши маргаринот и секој пат во фрижидер по 30 мин. На работна површина се сипа сусам и се става над него плик кората се сука со сукало со дебелина колку прст...околу 6-7 мм. а најгоре се посипува кората со мак. Најдобро е да се сука по должина за да се искористи максимално и подеднакво иста должина и форма на лентите ширината на секоја лентичка е 1,5 см. Исто така можете да ја поделите на 2 дела кората валкајте само во сусам или како ви одговара. Сами ја одредувате должината се фаќа на двата краеви секоја лента и се превиткува да добие облик на спирала.На хартија во плех со стандардна големина се редат спиралите малку одделени ,ќе нараснат при печењето. Се печат во рерна на 220 степени,малку нека заруменат и готови се се ладат при ладеше не се прекриваат со ништо за да останат крцкави.За крај и благодарам на Биле за пре и нај убавата рецепта за лиснатички.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови