Мраморен-кикирики куглоф
1. Најпрво се кршат јајцата и се делат белките од жолчките. Во сад за матење се става омекнатиот путер, се додава шеќерот и 4-те жолчки. Се мати со миксер додека смесата не се соедини и не добие светло жолта боја.
2. Се додава млеко, масло, брашно, мелени кикирики и пециво. Убаво се промешува смесата.
3. Во друг сад на страна се бие цврст снег од белки, кој се додава во претходниот сад. Тука го ставаме и сувото грозје.
4. Се одделува 1/3 од смесата и во неа се додава какао и рум
5. Во калап за куглоф најпрво се истура жолтата смеса, врз неа. кафеавата и на крај повторно жолтата смеса
6. Се пече на 180 степени 45-50 мин
На здравје нека е
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови