Се става шеќерот и водата да се стопат. Се остава да поврие 5 мин.како за шербет. Потоа додадете го путерот и убаво треба да се растопи.
Во посебна здела измешајте го млекото во прав, рогачот и какаото, а потоа додадете ја смесата со растопениот путер иако е топла и матете полека со миксер да добиете хомогена смеса. Окако убаво ќе се соедни се додадете ги лешниците, бадемите и сецканите урми и се добро изматете. (лешниците и бадемите ги ставив во блендер да се здробат малку не премногу)
Е сега смесата истурете ја на хартија за печење и измазнете ја во дебелина околу 2 см.
Посебно со малку масло растопете ги белото и црното чоколадо и ишарајте врз чоколадата. Оставете да се олади во фрижидер. Потоа сечете на коцки и уживајте во попладнево кафе со коцка домашно чоколадо.
Добар апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови