Благо солен млечник
Старинските рецепти секогаш ме инспирираат, еве уште еден таков, кој постојано го подобрувам...
Во мојот крај го викаме млеченик и најстариот рецепт е всушност благо солена варијанта.
1. Најнапред го подготвувате филот за солениот краишник. Ги мешате во еден сад жолчките, сирењето, зејтин, кисело млеко, кисела вода, малку сол, но да не биде многу водно.
2. Од корите ставате една во подмачкан округол плех, но краевите да ви бидат надвор од плехот. Премачкајте ја со зејтинче.
3. Следната кора ја виткате со солениот фил и ја ставате во плехот малку згужвана. Направете уште две такви виткани кори со фил, но собрани како хармоника. Треба значи да направите солен краишник, но ќе ви останат сигурно од корите кои може веднаш да ги искористите за нешто друго. Ако сакате, овој солен краишник, можете да го направите со сукана домашна кора, како и што е и оригиналниот рецепт.
Кората на дното чии краеви се надвор од плехот, може да ја префрлите врз краишникот или пак едноставно да ви остане како кора која подвиткана ќе биде добра заштита подоцна јајцата да не се прелијат. Порано не ја ставав, но увидов дека е многу подобро така.
4. Сега ставете ги јуфките во средина, а тоа се всушност кршени домашни кори кои сега можат да се купат и готови, по старински рецепти.
5. Помешајте ги состојките за благиот дел и прелијте ги јуфките со млекото и изматените јајца, шеќерот и ванилите, а додајте ги и белките кои ви останаа.
6. Краишникот премачкајте го со кисела вода, зејтинче и малку жолчка. Ако ви прелие од млекото и јајцата врз солениот краишник, не пречи.
7. Печењето е на 200 степени околу 40 минути, но треба убаво да биде испечено одоздола.
Овој вкус е многу специфичен, уникатен, многу чест во струмичката кујна, а друга варијанта е само со благиот дел.
Ви го препорачувам да го пробате токму овој рецепт, ќе бидете воодушевени, благо солениот вкус е неповторлив !
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Rekov go usovrshuvam postojano, na primer porano ne stavav kora odozdola, se pokaza deka za oko e podobro... a preubavo e i na vkus :)
Mora da priznaam deka sovrseno izgleda !!
Srdecni pozdravi do site :)