Прилепски сладок млечник со јуфки
На две три капки масло на тавата се распоредуваат домашните кори, односно се покрива дното.
Сега во вангличка се ставаат јајцата, ванилите, шеќерот и многу кратко се соединува со миксер, околу 1 минута.
Се додава млекото и убаво се соединува смесата.
Оваа смеса ја истураме врз корите во тавата.
Тавата ја ставаме во загреана рерна на 200 степени.
Така печиме 10 минути.
Потоа ја намалуваме на 180 с и печиме уште околу 1 час.
Испечениот млечник го оставаме да се излади, па го сечеме на коцки и ги послужуваме.
Ова е традиционално слатко јадење кое се подготвува во Прилеп за празникот Духовден.
Вака го правеше мојата баба, мајка, па сега јас и сестра ми го подготвуваме на ист начин.
Значи рецептот е мнооогу стар и го зачувуваме од заборав...