Подготовка:

1. Во топлото млеко го ставаме квасецот, шеќерот и лажиче брашно. Промешуваме и оставаме на страна
2. Потоа во вангличка се ставаат пециво, стасан квасец, сол, масло и кисела вода. Се промешува, па се додава брашно. Се замесува средно тесто, кое се покрива и се остава да се дуплира. Потоа се дели тестото на 6 топчиња.
3. Секое топче се расукува како коричка, па се витка како кифла. Вака подготвени се ставаат во долгнавест калап за леб. Врз нив се става по 1 парченце путер. Нека одмори лепчето 20, 30 минути, па се пече во загреана рерна околу 30 минути.

Го оставаме на решетка да се излади, па послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани